четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 43
home Вести

Трипуновски до Димковски и Царовска: Наместо да се сликате покрај цевки и наводни инвестиции, добро би било да кажете кога планирате да ги исчистите каналите во кочанскиот регион

Трипуновски до Димковски и Царовска: Наместо да се сликате покрај цевки и наводни инвестиции, добро би било да кажете кога планирате да ги исчистите каналите во кочанскиот регион

#TrajanDimkovski(бела кошула) #MilaCarovska Наместо да се сликате покрај цевки и наводни инвестиции, добро би било да кажете кога планирате да ги исчистите каналите во кочанскиот регион, кои се дел од хидросистемот на Калиманското езеро – најголем систем за наводнување во Република Македонија. Сезоната со поплавувањето на оризот е во тек на имаме нечисти канали и суви ниви, реагира дополнителниот заманик минстер за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Наместо да позирате, кажете што чекавте еден месец по стартот на сезоната за наводнување за да поченете до поправка на сифоните во системот за наводнување во Росоман!? Па откако бевте прозвани од моја страна да се впуштите и во криминал и на недовршен тендер да почнете со поправки, иако уште не знаете која фирма ќе го добие тендерот. Или пак знаете⁉️Хммм… Но за тоа друг пат повеќе во некое друго време.

Сега за сега додека уште сте на функција засукајте ги ракавите и почнете реално да му служите на земјоделецот. Не очекува тешка сезона, а вие сте неодговорни. Доколку не знаете како прашајте.

Коронавирус