сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 56
home Вести

Трипуновски до Димковски: Фатете се за работа- „ЛЕБ СЕ СОБИРА“, а вие се сликате и ги глумите вашите идоли Заев и Николовски

Трипуновски до Димковски: Фатете се за работа- „ЛЕБ СЕ СОБИРА“, а вие се сликате и ги глумите вашите идоли Заев и Николовски

Конечно се јави министерот Димковски и во старт класично непознавање на материјата и заобиколување на законите што впрочем е главна симболика на владеењето на СДСМ. Имено во денешната изјава Димковски изјавува дека цената на пченицата ќе зависела од квалитетот, а притоа “заборавајќи” на членот 31 од Законот за земјоделство каде што во став 4 децидно се вели дека цената се истакнува 10 дена пред откупот на производот, жетвата е започната, а цена нема, пишува Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук.

-Нема цена бидејќи минатата недела не ги удостои Димковски мелничарите на состанок, нема цена затоа што го нема дијалогот со земјоделците, нема цена затоа што институциите се заспани.
Почитуван Димковски добро е што конечно ви го слушнавме гласот ама фатете се за работа бидете медијаторот помегу земјоделците и мелничарите свесни ли сте “ЛЕБ СЕ СОБИРА”,а вие се сликате и ги глумите вашите идоли Заев и Николовски….