вторник, 31. март 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Трипуновски до Димковски: Допрва ќе го гледаш револтот на земјоделецот бидејќи тој не може да трпи неправди

Трипуновски до Димковски: Допрва ќе го гледаш револтот на земјоделецот бидејќи тој не може да трпи неправди

На министерот за земјоделство, Трајан Димковски, му се обрати членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

Трајан, очигледно не можеш да ја преболиш вистината дека земјоделците, а во конкретниот случај лозарите не ве сакаат и од вас бараат оставки. А оставки бараат затоа што :

1. Ветувавте сигурен откуп и висока откупна цена, а три години нема ништо од ветеното;

2. Субвенциите доцнат;

3. Мерките за обештетување и дополнителна помош не се исплаќаат;

Трајан, проблемите и маките на земјоделците се една долга листа и се повеќе се продолжува. Вашата неработа ги натера земјоделците да корнат садници и да се пакуваат со цело семејство и правец странство.

Еее Трајан, Трајан, ова е само почеток, допрва ќе го гледаш револтот на земјоделецот, бидејќи тој не може да трпи неправди.