четврток, 13. август 2020. Вести денес: 115
Во живо

Прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

home Вести

Трипуновски до Димитров: Ако ловите риба без легитимација и дозвола го кршите законот

Трипуновски до Димитров: Ако ловите риба без легитимација и дозвола го кршите законот

Господине Димитров, доколку ловите риба без легитимација и дозвола, Вие го кршите законот и оттука треба да платите и глоба во износ од 150 до 300 евра во денарска противвредност, му порача Цветан Трипуновски на Никола Димитров.

Согласно Член 56 од Уставот “Сите природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет, добрата во општа употреба, како и предметите и објектите од особено културно и историско значење определени со закон се добра од општ интерес за Републиката и уживаат посебна заштита.”

Со законот за рибарство и акваултура, покрај другото се уредува и управувањето, стопанисувањето и заштитата на рибите. Рибите се даваат на концесија за организирање на рекреативен риболов.

Секој поединец кој сака да лови риба потребно е да поседува легитимација за рекреативен риболов за тековната година (2020 година) и дозвола.
Оттука го повикувам Димитров да пдговори:

1. Дали поседува легитимација за 2020 година,

2. Од кое здружение има купено и каков вид на дозвола за рекреативен риболов ?

ДИЗ се слушаме? Господине Шапуриќ? Законите мора да важат за сите!

Коронавирус