недела, 5. јули 2020. Вести денес: 116
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

Во живо

Мицкоски пред граѓаните во Крушево ја претставува програмата на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Трипуновски: Да не се повтори 2019 година, една од најтешките за водоснабдувањето

Трипуновски: Да не се повтори 2019 година, една од најтешките за водоснабдувањето

Денеска сум во посета на Тиквешкиот регион , моментално се наоѓаме во општина Каварадци поточно на местото каде штп е лоцирана пунктната станица Марена. Ова моја денешна посета е да извршам увид за она што ми го потенцираат земјоделците дека во овој регион исто така има проблеми со водоснабдувањето, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна дополнителниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски.

-Од она што можев да го видам и внатре во објектот на пунктната станица е дека речиси ниту една пумпа која што е внатре поставена не е во функција и тоа значи дека не може да дистрибуира вода во дел од општина Кавадарци и дел од општина Неготино. Пред да дојдам на оваа локација бев и на посета во општина Неготино направив исто така увид на еден дел од каналот наречен 59 каде што има проблеми во дистрибуцијата на вода а тоа значи дека и во тој дел на оваа општина ќе имаме потешкотии со снабдување со вода за полевање на земјоделските површини. Во текот на врерашниот дел исто така бев во еден друг дел на Р.Македонија односно во Овчеполието и таму исто така имаше проблеми со вода. Она што сакам и со овие мои посети да го потенцирам е дека не треба да се повтори 2019 која што лани беше оквалификувана како една од најтешките години односно година во која што имаше проблеми со снабдувањето на вода. Затоа и овие мои посети и сет оној мој ангажман и мојата улога како дополнителен заменик министер ќе ја употребам за да ја анимирам и АД водостопанствво на Р.Македонија и министертот Димковски и владата на Р.Македонија да се изнајдат средства и да се санираат овие штети кои што ги има сситемот за наводнување речиси на цела територија затоа што лицемерно е од една страна да се кажува дека земјоделците треба да произведуваат и да ја прехранат Р.Македонија во овие тешки времиња на светска пандемија а од друга страна да не се инвестираат ниту еден денар во санација и изградба на нови системи во Р.македонија, вели Трипуновски.

Тој додава дека затоа уште еднаш апелирам да се навистина поссвети внимание на овој сегмент затоа што е многу бите. Водата е е дедн од најважните ресурси кои што се потребни за земјоделското производство независно дали е тоа од тиквешкиот регион за лозарството дали е за градинарствоот во струмичкиот дали е за овчеполието за другите земјоделски култури неминовно е да се посвети сериозна грижа.

-Јас и понатаму ќе одам низ разни делови на Р.Македонија се со цел да ги нотирам сите овие проблеми да ја анимирам власта да троши на најбитниот сегмент а тоа е земјоделството . Да не се трошат пари на небитни и популистички мерки кои што владата сака во овој момент да изврши поткуп на гласачите при евентуалните избори кои што би биле наредниот период.
Затоа треба навистина со сериозни мерки со сериозни проекти кои што навистина ќе значат подобро земјоделско производство. Не ни требаа лажен популизам не требаат лажни мерки кои што се практично неспроведливи на терен и немаат никаков ефект.Треба реална и суштинска помош на земјоделците. Имам многу пати кажано ќе повторам уште еднаш а тоа е да се исптатат сите субвенции на земјоделците да се исплатат сите дополнителни мерки и нормално она што и денеска го потенцирав да се инвестира во системот за наводнување затоа што само со дистрибуција на вода по земјоделските ниви ќе можеме да имаме серизоно производство, вели Трипуновски.

Парламентарни избори 2020