петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 142
home Вести

Трипуновски: Да им се исплатат заостанатите субвенции на земјоделците за да ја одржат производната година

Трипуновски: Да им се исплатат заостанатите субвенции на земјоделците за да ја одржат производната година

Сите заостанати субвенции од минатата година да се исплатат на земјоделците за да имаат прилив на средства со кои ќе можат да ја одржат производната 2020 година, но и да се обезбеди пласман за пролетната зелка, како и постојан инспекциски надзор, предложи денеска дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Тој при денешната посета на Струмичкиот регион појасни дека македонскиот земјоделец е оној којшто треба да ја прехрани нацијата, и затоа треба да му се помогне во оваа ситуација. Според него, не е време ниту за политика ниту за политиканство, едноставно треба да се носат правилни мерки.

-За земјоделците коишто нареднава година ќе биде исклучително тешка, со оглед на мерките коишто се превземаат за заштита од коронавирусот, сакам да предложам сите заостанати субвенции од изминатава 2019 година да бидат исплатени за земјоделците, се со цел да имаат прилив на средства со коишто ќе можат да ја одржат и оваа производна 2020 година, рече тој.

Трипуновски ја предложи мерката три денари за предадена „куртова капија“ во преработувачките капацитети коишто нормално во овој дел од земјата најмногу се произведува.

Тој испрати апел до Владата да ги искористи сите меѓународни контакти за да се обезбеди пласман за пролетната зелка, затоа што, како што појасни, на тој начин ќе им се помогне и на откупувачите и на земјоделците да го пласираат овој производ. Додаде и дека инспекциските служби треба да бидат на терен постојано.

-За жал денеска во мојава посета не сретнав ниту еден инспектор. Тие инспекциски служби треба да го спорведуваат законот во пракса, тоа ќе значи дека оние откупувачи коишто ќе работат согласно процедурите, прописите и законите ќе можат да работат. Меѓутоа како што бев сведок и неколку од порталите коишто објавија минатата неделала, имаше откупувачи коишто не ги почитуваат оние договорени цени, па ја рушат цената и на останатите купувачи.

Трипуновски појасни дека овие предлози ќе ги достави во писмена форма до Владата,и рече оти е несвојствено во светска пандемија, во тешка економска криза да се предвидуваат милион евра за саемски манифестации, да се предвидат милион евра за прскање на облаците против природни непогоди. (МИА)

Коронавирус