среда, 2. декември 2020. Вести денес: 64
home Вести

Трипуновски: 1 милион килограми тутун е увезен во Македонија во изминативе месец дена, додека домашниот тутун стои неоткупен

Трипуновски: 1 милион килограми тутун е увезен во Македонија во изминативе месец дена, додека домашниот тутун стои неоткупен

Дополнителниот заменик министер за земјоделие Цветан Трипуновски на својот Фејсбук профил сподели видео од свое гостување каде обвинува дека 1 милион килограми тутун е увезен во Македонија во изминативе месец дена, додека домашниот тутун стои неоткупен.

-Заев и Димковски создаваат криза во земјоделието. Ова мора да заврши, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Тој ексклузивно во емисијата прикажа фактури и барања за увоз на ориентален тутун, а тоа е исти тутун каков што се произведува во Република Македонија.

-Замислете домашното производство стои нереална проценка, се погазуваат тутунарите во својата мака, а се дозволува увоз на тутун, ова не се измислици и ова треба да го знае македонската јавност, вели Трипуновски.

Коронавирус