четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 23
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Тринаесет години затвор за влез во Собрание, а за убиствата кај Смилковско езеро одложување на рочиштето

Тринаесет години затвор за влез во Собрание, а за убиствата кај Смилковско езеро одложување на рочиштето

Вкупно 81 година и шест месеци денеска судот пресуди за обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин села. Никола Војминовски доби 13 години и шест месеци, Кире Ѓорѓиевски 13 години, Александар Јаневски Тошта 13 години, по 10 години и шест месеци добија Андреј Мицов, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски и Коста Делов.

Гледајќи ја праксата во судскиот систем во Македонија, овие пресуди може да се каже дека се престроги. Како пример може да се земе случајот за убиството на 27 годишниот Димитар Матилоски пред две години во Охрид. Во овој случај обвинетиот, 29 годишниот Бојан Угреновиќ од Србија беше осуден на единствена затворска казна во траење од 16 години.

Делото околу случајот со Села, каде и многу од сведоците кажаа дека дел од обвинетите му помагале на Села, а немале за цел да го убијат, скоро и да го израмни со убиство, бидејќи казните се приближни.

За овој случај постојат сериозно сомнежи и дека можеби има политички мотиви зад себе, додека обвинетите тука добија драконски осудителни пресуди, обвинетите во случајот „Монструм“, каде се обвинети за петкратно убиство кај Смилковското езеро, на Велики четврток во 2012 година, на три дена пред Велигден, сега се бранат од слобода.

Покрај тоа што тие се бранат од слобода, во истиот ден кога беа изчречени пресудите за случајот со Села, на нив и им се одложува судењето. Таков беше случајот и денеска. Поради недостиг на технички услови за сослушување на заштитниот сведок, рочиштето се одложи за 11 јули.

Во старата зграда на Кривичниот суд, демнеска требаше да се изведуваат докази на повторениот судски процес по предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство.

На претходното рочиште се гледаше аудио и видео снимка од испрашувањето на заштитениот сведок Хаки Азири од 7 мај 2012 година.

Претходно на прашања од обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи одговараше и сведокот Ахмет Бекир, кој на претходното рочиште се онесвести додека сведочеше за петкратното убиство кај Смилковако езеро.

Предметот „Монструм“ е отворен за петкратното убиство кај Смилковско езеро, сторено на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, а во првичната постапка на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.