четврток, 22. април 2021. Вести денес: 119
home Вести

Триесетина вработени во Инфективната клиника заборавени од Филипче: Се уште не ја земале еднократната парична помош

Триесетина вработени во Инфективната клиника заборавени од Филипче: Се уште не ја земале еднократната парична помош

Околу 30 вработени на Инфективна клиника меѓу кои 20 тина медицински сестри, како и болничари и хигиеничари чекаат да добијат еднократна парична помош од 30 000 денари која ја добија сите вработени во Ковид центрите, објавува телевизија 24.

Станува збор за вработени кои дошле од други клиники и пред да добијат решенија во декември, два месеца работеле со договор на дело. Велат дека работат со најтешко болните и се надеваат дека ќе бидат третирани како и останатите кои биле наградени.

„Работиме со најтешко болните, дел од нас се на интензивна нега кај пациенти на респиратори, другите на останатите оддели со пациенти со Ковид. Дежураме по 12 часа, па одиме ноќна смена, се трудиме максимално. Чекаме и ние да бидеме наградени за трудот како и останатите, а немаме одговор“ велат за ТВ 24, дел од вработените кои не сакаа да излезат јавно поради страв од реперкусии.

На Инфективна клиника велат дека станува збор за вработени кои во момонетот кога се правеле списоците, во октомври не биле дојдени да работат.

„Списокот беше креиран на крај на октомври. Конечниот список го испративме на 13.ноември, некои од нив беа почнати, а некои воопшто не беа почнати со работа. Поради зголемените потреби со пандемијата во текот на ноември и декември ангажиравме 37 лица кои на крај на декември 2020 добија решенија за работа. Постои момент на дискрепанца со датумите, но во следниот период, како што се најавува, секако дека ќе добијат награда“, изјави за ТВ 24 Мирјана, Пехчевска Поп Илиева, економски директор, Клиниката инфективни болести.

Министерот Филипче денеска пак, рече дека списоците ги добиле од директорите, двапати биле проверени и според неговите податоци награда не добиле само тие што не биле на работа, односно биле на боледување.

Коронавирус