среда, 17. јули 2019. Вести денес: 115
home Вести

Триесет дена притвор за Јахи Јахиу од ДУИ, осомничен е за примање поткуп

Триесет дена притвор за Јахи Јахиу од ДУИ, осомничен е за примање поткуп

Осомничениот Јахи Јахиу, државен секертар во Министерството за информатичко општество и администрација, кого Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го осомничи дека зел поткуп за да намести фирма да добие европски пари, заврши во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Од скопска единица за А1ОН потврдија дека за осомниченото лице судот определил 30 дневен притвор поради опасност од бегство и поради можноста да го повтори делото.

„Постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд во Скопје, го уважи предлогот на Обвнителството и му определи 30 дневен притвор на осомничениот Ј. Ј. вработен во МИОА, по член 165, став 1 и 3 од Законот за кривичната постапка“, велат од Кривичниот суд за „А1ОН“.