сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 40
home Вести

Тричковски и Фрчковски дел од тимот на кандидатот за градоначалник на Центар – во јавноста важат за лица со „црн“ образ (ФОТО)

Тричковски и Фрчковски дел од тимот на кандидатот за градоначалник на Центар – во јавноста важат за лица со „црн“ образ (ФОТО)

Во кампањата на кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на СДСМ се вклучени и идеологот на СДСМ, Бранко Тричковски како и членот на СДСМ Љубомир Фрчковски.

Тричковски во јавноста е познат како новинар кој речиси постојано пишува навредливи и невкусни постови и колумни, а во својата последна има и сексистички напади врз независната кандидатка Данела Арсовска за градот Скопје.

Додека пак Фрчковски исто така има своја црна дамка во политичкото минато во земјава.

Герасимовски денеска со нив двајца објави и фотографии во знак на нивна поддршка во пресрет на вториот круг од локалните избори закажан за 31 октомври.

Инаку двајцата во јавноста се познати по тоа што важат за луѓе со „црн“ образ, поради честите напади како вербални така и физички со неистомислениците.

Коронавирус