четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 173
home Вести

Трибина за заштита на Шар Планина

Трибина за заштита на Шар Планина

Во Врапиште денеска ќе се одржи трибина на тема „Креирање на заедничка визија за Шар Планина“ во организација на платформата „Пријатели на Шара“.

Ова е трета од серијата трибини што се одржуваат во сите шест општини во регионот на Шар Планина во рамки на активностите на Платформата „Пријатели на Шара“ поддржани од ИПА 2 механизмот и Канцеларијата на ГИЗ во Скопје.

Целта е заеднички да се разговара за иднината на Шар Планина и заштитата на природата и да се креира заедничка визија за овој регион. На трибината се очекува да бидат најавени активностите за креирање на советодавно тело за Шар Планина кое ќе биде составено од заинтересирани страни од сите шест општини.

Коронавирус