сабота, 3. јуни 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трибина за родова перспектива во одбраната

Трибина за родова перспектива во одбраната

По повод Меѓународниот Ден на жената „8ми Март“, Министерството за одбрана денеска ќе организира трибина на тема „Родова перспектива во одбраната”.

Целта на трибината е да ја подигне свеста за состојбата на жената во одбраната, со акцент на идните конкретни чекори и политики кои ќе се преземат во однос на предизвиците на жените професионалци во одбраната.

Панелисти ќе бидат министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменикот на претседателот на Владата на РМ задолжен за европски прашања Бујар Османи, потпретседателката на Собранието на РМ Фросина Ташевска Ременски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија Данијела Баришиќ.

Трибината предвидено е да ја отвори постојаната координаторка на ОН и постојана претставничка на Програмата за развој на ОН (UNDP) во Македонија, Луиза Винтон.