среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Вести

Трибина за креативноста и иновативноста во образовниот систем

Трибина за креативноста и иновативноста во образовниот систем

Со трибина „Како да се стимулира креативноста и иновативноста во образовниот систем?“  и натпревар за средни училишта денеска на Машинскиот факултет во Скопје ќе биде одбележана „Светската недела на креативност и иновативност“.

Целта на одблежувањето, под покровителство на Обединетите Нации, е да се охрабрат сите луѓе да ја искористат својата креативност за да го направат светот подобар, а самите да создадат пристојни услови за живот за себе, но и за другите. Прославата на овој ден ги поддржува и глобалните цели за оддржлив развој 2030 за планетата Земја.

На трибината е најавено обраќање на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, ректорот на Универзитетот Св.Кирил и Методиј Никола Јанкуловски, деканот на Машински факултет при УКИМ Дарко Данев, директорот на Фондот за иновации и технолопки развој Јован Деспотовски, холандскиот амбасадор во Скопје Ваутер Пломп..

Машинскиот факултет ги организира активностите во соработка со Холандско-македонската стопанска комора. (МИА)

Најнови вести

Коронавирус