петок, 7. мај 2021. Вести денес: 164
home Вести

Трибина „Блаже Конески денес“ по повод 100 години од неговото раѓање

Трибина „Блаже Конески денес“ по повод 100 години од неговото раѓање

КИЦ – Скопје денеска организира трибина на тема „Блаже Конеки денес“ по повод 100 години од неговото раѓање.

На трибината што ќе се одржи во паркот пред КИЦ – Скопје, како што најавуваат организаторите, ликот и делото на Конески ќе се осветлат и во потесна и во поширока смисла. Во потесна смисла: она што претставува неговото творештво денес во македонската општествена, културнопросветна и научна стварност, како стимул и корпус. Во поширока смисла: како влог во една воспоставена лингвопоетичка традиција во македонистиката, од којашто произлегува препознатлива лингвистичка школа, која со право го носи неговото име „Школа на Блаже Конески“.

На трибината ќе учествуваат, Димитар Пандев, Бобан Карапејовски и Бојан Петревски.

Коронавирус