четврток, 6. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Три верзии на Филипче и Владата за заболената од коронавирус

Три верзии на Филипче и Владата за заболената од коронавирус

Жената на која денеска и е дијагностициран коронавирус, а влегла во Македонија на граничниот премин Табановце, не е јасно како стигнала до Клиниката за инфективни болести.

Денес во рок на од три часа, министерот за здравство Венко Филипче и надлежните дадоа три верзии за случајот со жената која има коронавирус.

Филипче и Владата не успеаја на јавноста да и кажат како таа отишла на Клиника за да се испита. Јасно е само дека жената била болна две недели и за време на престојот во Италија.

Првата верзија е „сама заминала на Клиниката за проверка“, во друга верзија велат „беше спроведена од граница на Клиниката за инфентивни болести“.

Трета верзија која ја слушнавме на втората прес-конференција на Филипче е „не кажала на граница дека е болна“.

Ова не е ниту помалку, ниту повеќе, туку само пропуст во менаџирање на надлежните ресурси за превенција на коронавирусот.

Во редовна процедура, таа треба да биде детектирана на границата од надлежните власти и да биде соодветно спроведна.

Коронавирус