четврток, 4. март 2021. Вести денес: 0
home Вести

Три собраниски комисии ќе одржат седници

Три собраниски комисии ќе одржат седници

Во Собранието на Република Македонија за денеска се закажани седници на комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за образование, наука и спорт и на Законодавно-правна комисија.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да разгледа повеќе годишни извештаи, за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2019 година, за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2019, за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2019 година, на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2019 годинa, на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2019 година, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2019 година….

На дневен ред се и годишните извештаи на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и за работата на Инспекцискиот совет и на Агенцијата за администрација за 2019 година, како и Предлог законот за лобирање, во прво читање.

Комисијата за образование, наука и спорт, пак, треба да расправа за Предлог – законот за изменување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари и Предлог – законот за дополнување на Законот за научно-истражувачката дејност, во прво читање.

Пред Законодавно-правна комисија за разгледување се повеќе предлог закони во прво читање, за изменување и дополнување на Законот за семејството, на Законот за превенција, на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, за дополнување на Закон за научно-истражувачката дејност, поднесен од група на пратеници пратеници во прво читање.

На дневен ред се и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за комплементарна и алтернативна медицина, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, двата во прво читање, Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси со акциски план за нејзино спроведување 2020-2024, Предлог на законот за лобирање во прво читање и Предлог – законот за рамномерен регионален развој во второ читање.

Коронавирус