понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 136
home Вести

Три собраниски комисии ќе одржат седници

Три собраниски комисии ќе одржат седници

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за труд и за социјална политика и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања е Предлог – законот за меѓународна соработка во кривичната материја, во второ читање.

Комисијата за труд и социјална политика треба да разгледа амандмани за девет закони по скратена постапка. Пред пратениците на оваа седница се измените на Законот за употреба на знаковниот јазик, измените и дополнувањата на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, измените и дополнувањата на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, измените и дополнувањата на Законот за заштита од вознемирување на работно место, измените на Законот за практиканство, измените и дополнувањата на Законот за волонтерството, измените и дополнувањата на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, измените на Законот за вработување на инвалидни лица, како и измените и дополнувањата на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.

На дневен ред на Законодавно – правната комисија се петнаесетина закони и автентично толкување.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија