среда, 4. август 2021. Вести денес: 161
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Вести

Три сценарија за новата учебна година, но Царовска очекува враќање на учениците во училиштата

Три сценарија за новата учебна година, но Царовска очекува враќање на учениците во училиштата

Системот на образование е подготвен за три сценарија за новата учебна година – целосно отворање на училиштата и сите ученици да бидат во клупите, согласно здравствени протоколи и доколку биде стабилна епидемиолошката состојба. Министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека тоа е најдоброто и најпосакувано сценарио кај сите во Владата.

-За тоа ќе одлучува Комисијата за заразни болести, но сите очекуваме состојбата во летниот период и во септември биде добра и затоа очекуваме ова сценарио да биде спроведливо, рече денеска Царовска, но МОН е подготвено и за две други – второ сценарио според кое наставата ќе биде како и во 2020/2021 – дел со физичко присуство и дел на онлајн-настава, и трето сценарио – во не многу критична состојба, поделба во групи односно ротирање на учениците на една недела за физичко присуство во училиштата за да нема нивно целосно затворање.

– За трите сценарија, МОН заедно со локалните самоуправи и директорите ќе биде подготвено на 1 септември. Но сите ние очекуваме и сакаме 1 септември да го почнеме со сите ученици во клупи, секако согласно здравствени протоколи, но значајно е наставата да се одвива во училниците, изјави Царовска и соопшти дека МОН презентирал материјал за кој се дискутирало денеска на состанок на Главниот координатовен штаб.

На новинарски прашања при отворање спортска сала во ОУ „Јоаким Крчоски“ во Волково, Царовска одговори и дека одложеното доделување на свидетелствата е во рамки на законските рокови зашто крајот на учебната година е 31 август.

Посочи дека надлежно за документи од педагошката евиденција е Бирото за развој на образованието кое, како што рече, има обврска до крајот на учебната година (31 август) да ги додели свидетелствата.

-Сметам дека тие се целосно во своите рокови. Исто и минатата година имаа одлука да ги доделат на крајот од учебната година и таква одлука донеле и овојпат, рече министерката за образование и наука, подвлекувајќи дека свидетелствата секако ќе ги добијат учениците кои треба да се запишат во средно училиште и на факултет, односно полуматурантите и матурантите.

Коронавирус