понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 19
home Вести

Три нови случаи со морбили во Скопје, досега 69 заболени

Три нови случаи со морбили во Скопје, досега 69 заболени

Три нови случаи со мали сипаници (морбили) се регистрирани вчера во Скопје. Станува збор за дете на возраст од една и пол година од населбата Чаир, како и за 10-месечно дете и петгодишно дете од Центар, кои не биле вакцинирани, информираат денеска за МИА од Министерството за здравство.

Со овие три нови случаи, како што посочуваат, од декември, досега, во Скопје се регистрирани 69 заболени од мали сипаници.

– Во моментов 24 пациенти со морбили се сместени на Клиниката за инфективни болести. Крај на епидемијата ќе се прогласи тогаш кога нема да има ниту еден заболен во период од четири недели. Од почетокот на епидемијата на морбили во декември и од почетокот на забраната за примање деца во градинка кои не се вакцинирани со МРП вакцина, досега, се вакцинирани повеќе од 3.400 деца, истакнуваат од Министерството за здравство.

Во меѓувреме, во градинките во Скопје се уште не се примаат невакцинирани деца, а државните здравствени инспектори прават увид на терен за да утврдат дали има градинки што примаат невакцинирани деца, но досега не регистрирале таков случај.