петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 107
home Вести

Три години пресудуваа од партиската говорница, сега се повикуваат на презумцијата на невиност

Три години пресудуваа од партиската говорница, сега се повикуваат на презумцијата на невиност

Фросина Ременски која што е член на ИО и ЦО на СДСМ, пратеник во собранието на Република Македонија, новоосомничена во аферата Рекет, за помагање при перење пари преку Меѓунардниот сојуз, денеска во својата изјава пред Кривичниот суд се повикуваше на начелото на презумпција на невиност, односно дека таа е невина се додека не се докаже спротивното во кривичната постапка.

Ременски не се повикуваше на презупцијата на невиност кога од партиската говорница поради нејзиниот лидер обвинуваа луѓе за криминал, за кои уште не беше отпочната кривичната постапка.

Во своите јавни настапи особено во периодот на шарената револуција функционерите на СДСМ како што е Ременски, тогаш потпретседател на СДСМ, непрестајно прејудицираа вина со обелоденување на сомнителен материјал кој сеуште е предмет на прашањето да истиот биде дозволив за пуштање во јавноста. Ременски се уште продолжува да биде контрадикторна на своите изјави дека доблесно е да човек да се повлече од функцијата кога се води постапка против него, сега пак смета дека нејзино повлекување од функциите не е потребно.

Очигледно Фросина Ременски и функционерите од СДСМ ја почитуваат презумпција на невиност само кога нив им одговара, во тој случај лага ли се говорите на пратеничката како тој пред кривопаланчани во 2016 година, дека „секој што сторил криминал мора и ќе одговара“.