четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 148
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Трговците со апел: Без турканици, ги има сите производи

Трговците со апел: Без турканици, ги има сите производи

Граѓаните да не паничат, маркетите имаат доволна залиха на основните прехранбени производи, велат надлежните. Нема потреба да пазаруваат во големи количини, тука да набавуваат како вообичаено. За реакциите на граѓаните по социјалните мрежи за енормно поскапување на средствата за дезинфекција, маските и ракавиците, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека владината мерка за замрзнување на цените важи и за нив и доколку не се почитува, ќе следува санкција препишана со Законот за потрошувачи.

„Нема место за паника, сите маркети и дистрибутерите имаат доволно залиха, посебно основните продукти. Нас ни останува да бидеме свесни и да се грижиме повеќе за здравјето“, рече Крешник Бектеши министер за економија.

Граѓаните велат дека цените во супер маркетите се исти, дел од производите ги нема, но тврдат дека некои од аптеките ја користат ситуацијата за правење екстра-профит.

„Маските кои ги купив пред 15 дена, 50 парчиња за 200 денари, сега една маска беше 61 денар…“

„Маски барав, но нема, еве немам маска, ниту јас“, реагираат граѓаните.

Властите и трговците ја разгледуваат можноста за ограничување на бројот на граѓани кои во одреден временски период ќе може да бидат во еден супер маркет. Но, побараа да проработи и свеста кај граѓаните и да не прават гужви по продавниците.

„Сите 130 инспектори, дури и раководителите се на терен и постапуваат по случаи. Верувајте дека се злоупотреба. Ако е кафе за носење, некои земаат и седнуваат и таму нормално дека постапуваме и затоа имаме 10 затворени угостителски објекти“, рече Стојко Пауновски, Директор на пазарна инспекција.

Трговците тврдат дека цените барем на основните производи не се зголемени.

„Во секојдневен контакт сме со добавувачите и правиме максимални напори производите кои се дефицитарни и потребни за снабдување на граѓаните да бидат присутни на нашите полици“, изјави Петар Денковски, Генерален директор на ВЕРО.

Инаку,синоќа владата донесе одлука да се замрзнат цените на основните продукти како што се лебот, солта, зејтинот, млекото и млечните производи. Дополнително и на јајцата, брашното, месото, тестенините, лековите и дезинфекциските средства.

Најнови вести

Коронавирус