понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

Тргнете го политичкото слепило, изборот е помеѓу „црпнатиот“ и „професорот“, помеѓу минатото или билет за иднината

Тргнете го политичкото слепило, изборот е помеѓу „црпнатиот“ и „професорот“, помеѓу минатото или билет за иднината

Ако се тргне маглата од дневните настани главното прашање кое ќе си го постави секој граѓанин, кој е изборот кој се нуди?

Повеќето, заблудени од дневните страсти и партиски битки би рекле сите се исти. Но фразата сите се исти највеќе им одговара на оние кои сакаат да продолжат по старо, а тоа е секогаш власта. На тој начин сакаат да ја убијат и последната капка на пркост и желба да се промени ништо, сакајќи да прифатите сешто. Секогаш кога опозицијата на површина ќе извади афери и скандали на власта, тие необидувајќи се да се бранат, тргнуваат со уште повеќе глупости и афери како и неодминливата црна кампања од која секој гласач би требало да заврши со заклучокот сите се исти. Но дали е тоа така?

Изборот кој се нуди е помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, помеѓу едниот кој не убедуваше дека е црпнат од нивите од Муртино за да владее со Македонија, и другиот професор кој доаѓа од скромно интелектуално семејство од Скопје на татко професор и мајка доктор.

Зоран Заев веќе 19-та година е во политиката, а 18 години на државни позиции, почнувајќи како пратеник, градоначалник, и сега премиер. Практично кариера исполнета со бројни афери, дубиози, скандали и подеми и падови. Од другата страна е Мицкоски ако не се земе дведецениското членство во ВМРО-ДПМНЕ какво што го имал низ структурите секој обичен член на партијата е со три годишно искуство во високата политика што преставува бел лист хартија во споредба со кариерата на Заев.

Фразата сите се исти всушност е креирана матрица на медиумсите трубадури на власта да го нивелираат Заев и неговиот багаш со оној на противникот, на тој начин што ќе му додадат непостоечки багаж на Мицкоски.

Првите скандали со Заев почнуваат со стапувањето на функцијата градоначалник во 2005та година, каде неговото семејство братот и чичковците нагло почнуваат да се богатат. Тоа се одвива паралелно со скандалите кои подоцна се откриваат каде тендери на општината завршувале на сметките на роднините на Зоран Заев. Додека Заев ги разработува струмичките шеми, Мицкоски се доусовршува на универзитети во Италија и Германија, патентирајќи изуми од сферата на роботиката кои денес се користат во сериозни автомобислки гиганти.

Македонската јавност преку доминацијата која ја користи власта сака да наметне политичко слепило каде нема да може да се препознаат вистинските квалитети на луѓето. Практично црното ќе се прикажува за бело, а денот за ноќ.

Професорот и филозоф Љубомир Цуцуловски изјавува: Зоран Заев очајнички се обидува поразот да го прикаже како победа.

Оттука целта на „медиумските кучиња“ кои му го чистат патот на Заев е да создадат поматување на свеста, но воедно треба да се знае дека зад таквата машинерија стои скапо платена војска која се оддржува со парите на граѓаните. Новинарските имиња кои го земале панцирот и пушката на Заев во таквата борба секако дека не веруваат во Заев и неговите способности, туку се борат за својата егзистенција, затоа што знаат дека поинаку не би опстојале на слободниот пазар. Токму затоа тие немаат совест да ја убијат вистината, туку поради сопствено шреживување прават повеќекратно убиство на државата.

Цуцуловски ќе напише: власта прави повеќекратно убиство. Познатиот француски филозоф Жан–Пол Сартр (голем почитувач на Марксовото учење, меѓутоа не толку и на Енгелсовото) сметаше дека Енгелс двапати ја убил дијалектиката. Првиот пат, за да ја убие. Вториот, да се увери дека ја убил. Можеби Сартровата оцена е неоправдана. Но, така сметал.Денес не се случува двојно убиство на дијалектиката (патем, Енгелс е починат) туку повеќекратно (на рати!) неовластено се убива една држава. До каде тоа ќе оди не може да се каже. Меѓутоа, дека сè има своја граница, е повеќе од сигурно, пишува Цуцуловски.

Комуникологот Јани Теохаровски на оваа тема изјави дека политичката елита на власта сака да го убие секој никулец кој излегува од просекот. Затоа се гуши слободната мисла, а народот јасно не ги гледа разликите.

ВМРО-ДПМНЕ нема прашање за кое нема јасен став, вклучувајќи ги и најчуствителните, но од друга страна ја нема медиумската доминација да се бори за тие ставови, изјавува Теохаровски кој додава дека Заев води политика на картата на кратко помнење, што може извесен период да поминува, но подоцна се враќа како бумеранг.

Прашањето кое секој треба да си го постави е дали ќе даде шанса на Заев кој 18 години не покажува ништо ново, и засебе вели дека е избран т.е црпнат да владее, или професорот Мицкоски кој за јавноста е сеуште нетестирана опција, но ветува шанса за иднината.

Локални избори 2021