среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 178
home Вести

Третина од починатите од коронавирус дошле доцна во болниците

Третина од починатите од коронавирус дошле доцна во болниците

Огромен број на случаи со КОВИД – 19 дијагностициравме пост мортум, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, во вечерашната емисија „Само Интервју”, на телевизија Канал 5, каде појасни дека брисеви се земени од лица кои починале во болница на денот на прием, после неуспешната реанимација, за да се знае дали биле носители на тој вирус или не, се со цел да имаат податоци како да пристапат со семејстват. Ваквиот начин на делување, според министерот Филипче, го подигнал бројот на починати лица.

– Ниту една земја во светот тоа не го прави. Ние сметавме дека треба да бидеме чесни и да знаеме како да направиме добро за членовите на нивните членови, исто така за да ја знаеме вистинската епидемиолошка слика во нашата земја. За жал, има голем процен на лица кој доаѓат доцна во болница и смртен исход имат помеѓу првиот и петтиот ден. Доаѓаат со лоша клиничка слика, има и пациенти кои потпишале дека не сакат да се лекуваат во болница, па после доаѓат во крајните стадиуми на болеста и тука за жал не може повеќе да се постигне. Третина од починатите лица доаѓат доцна во болницата. Одговорно кажувам дека за секој пациент е апсолутно се направено, од анализи, до терапија и се друго, рече Филипче.

Најнови вести

Локални избори 2021