среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 148
home Вести

ТРЕТА РАКА: Власта со украдена кампања стара 10 години тргна „на прав пат“- истото претходно го направија две партии (ФОТО)

ТРЕТА РАКА: Власта со украдена кампања стара 10 години тргна „на прав пат“- истото претходно го направија две партии (ФОТО)

СДСМ вчера го промовираше својот нов слоган за старт на теренските активности под мотото „На прав пат“ кој е во црвена и бела боја.

По „животот за сите“, дојде и „правиот пат“ за граѓаните на Република Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера веднаш возвратија дека СДСМ е на прав пат за заминување во опозиција.

Социјалните мрежи веднаш започнаа со мајтапење на власта и нивниот нов слоган, додека не требаше многу време на јавноста да открие дека новиот слоган на СДСМ е целосно украден.

Станува збор за украдена кампања од хрватската Социјална демократска партија СДП која истата кампања ја промовираше во 2010 година под името „Krenimo u pravom smejru“, што во буквален превод би значело „тргнуваме на прав пат“.

Иста е и бојата на кампањата на СДСМ што значи дека во целост е бледа копија стара повеќе од 10 години.

Инаку истата кампања СДП ја промовираше во 2010 година, а хрватската ХСП обвини дека СДП ја украле од нив истата кампања под која во 2009 година настапи кандидатот за градоначалник на Загреб, ДР. Антун Кљенак.

Дел од мајтапот на социјалните мрежи за новата кампања погледнете го во продолжение:

Локални избори 2021