петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Вести

Тренерите на македонскиот олимпиец Георгиевски се огласија за поканата да бидат предводници на церемонијата за Илинден

Тренерите на македонскиот олимпиец Георгиевски се огласија за поканата да бидат предводници на церемонијата за Илинден

Вистина е дека не контактираа од кабинетот на Претседателот на Р. Македонија, добивме покана за Дејан Георгиевски и неговиот тим да бидат предводници на овогодинешната државна церемонија на големиот национален празник Илинден кој ќе се чествува на 2 Август по повод илинденското востание во Крушево. Исто така Илинден е и голем верски празник. Чест е да се празнува Илинден на било каков начин, тој празник ја обликува македонската револуционерна борба, велат тренерте на македонскиот олимпиец, Борче и Дарко Костовски.

-Во оваа прилика сакаме јавно да соопштме дека Дејан Георгиевски и неговиот тим нема да присуствуват на државната илинденска церемонија согласно оваа покана од страна на претседателот на Р. Македонија, благодарни сме за поканата, но сметаме дека Дејан Георгиевски треба да е надвор од сите политички или било какви други слични случувања поврзани со политика. Дејан Георгиевски исклучиво припаѓа на сите луѓе во Македонија.
Според тоа што ни е и најавено, очекуваме Дејан Георгиевски и неговиот тим да бидат повикани на прием во вилата на Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.
На приемот тој и неговиот тим да бидат соодветно одликувани за овој најголем спортски успех во независна Македонија.
Успехот на Дејан Георгиевски секако е надпартиски, над било какви верски или други разлики, овој историски успех безвременски ќе ги радува и ќе ги прави горди сите луѓе во државата, тој припаѓа исклучиво на Македонија и народот што живее во неа.
За многу години Илинден, да ни е вечна Македонија, велат тренерите.

Коронавирус