понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 50
home Вести

Требало да биде во домашна изолација во Куманово, а тој заминал во Австрија

Требало да биде во домашна изолација во Куманово, а тој заминал во Австрија

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.С.(50) од с.Лопате, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време не епидемија“.

На 12.06.2020, од страна на Центарот за јавно здравје бил доставен список во СВР Куманово, во кој се наоѓал  пријавениот, а при извршена контрола на 16.06.2020 од полициски службеници од СВР Куманово, било констатирано дека тој на 11.06.2020, покрај изречена мерка лекување и изолација во домашни услови, заминал за Р.Австрија, без притоа да ги почитува постоечките протоколи, а со тоа го сторил и кривичното дело.

Коронавирус