сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 131
МЕГА БОМБА

Заев договора да паднат судски предмети, „позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“

home Вести

„Треба напредок врз база на квалитет, а не врз основа на партиски книшки и позиции“

„Треба напредок врз база на квалитет, а не врз основа на партиски книшки и позиции“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски наговести големи реформи во начинот на кој што ќе се именуваат фунцкионери во Република Македонија доколку тој ја добие поддршката од гласачите на следните избори. Тој во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ истакна дека е потребен напредок врз база на квалитет, а не врз основа на партиски книшки и позиции и токму оваа методологија е инкорпорирана во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните избори.

-Лицата кои што се именуваат да не трчаат во кабинетите на политичките партии да бара поддршка од политичките елити туку да се направи методологија која патем е инкорпорирана во нашата програма каде што секој ќе напредува базирано на квалитет, а не да напредува затоа што се јавил човекот од СДСМ, се јавил човекот од ВМРО, ДУИ, Алијанса или не знам кој. Се додека се случуваат таква трка по ваков вид на подршката ние ќе бидеме не 108 на листата на Транспаренси интернешнл туку ќе биде и послабо позиционирани, вели Мицкоски.

Парламентарни избори 2020