вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 140
home Вести

„Треба да се напредува со компетенции и знаење, а не поради припадност кон некоја структура“

„Треба да се напредува со компетенции и знаење, а не поради припадност кон некоја структура“

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар рече дека развојот на Македонија го гледа според компетенции и знаења, а не поради додворување кон етникуми.

-Кај мене етникуми не постојат, кај мене постојат граѓани. За мене претставува проблем и бариера кога зборуваме за привилигирани или непривилигирани, сите се подеднакви и јас сакам да напредувам во животот поради компетенции и јас така го гледам развојот на Македонија според компетенции и знаење, не го гледам спрема додворување кон етникуми за гласови, истакна претседателот Мицкоски во своето гостување.

Тој во своето гостување посочи дека секој кој денеска добива пари од граѓаните мора да дава услуга и да биде сервис на граѓаните.Според него не може никој да седи дома и да прима плата за тоа без разлика на етничката припадност.

-Секој денеска што добива пари и плата од граѓаните мора да оди и да дава некаква услуга и да работи и да биде сервис на граѓаните, никој не може да седи дома и да прима за тоа плата без разлика на етничката припадност исто како што не можам јас, ниту вие, ниту пак било кој друг. Мора секој кој што е платен од граѓаните да работи за граѓаните и да биде слуга на граѓаните, тој што не сака да биде слуга за граѓаните чесно е даде отказ и да се занимава со друга професија и тука се гледа и личниот момент. Секој кој што денеска не е слуга на граѓаните, а добива плата треба да ја напушта таа работа. Државата е таа која треба да обезбеди соодветни работни места и треба државата да ги распредели тие луѓе онаму каде што припаѓаат, друго е што ќе има партиски вработувања и на едно столче ќе седнат 3 или 4, зошто затоа што така Зоран Заев ветил, додаде Мицкоски.

Коронавирус