сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 81
home Вести

ТРАОРНО СВЕДОШТВО: Рускоска не му дозволи на мојот сопруг за последен пат да се поздрави со неговата мајка

ТРАОРНО СВЕДОШТВО: Рускоска не му дозволи на мојот сопруг за последен пат да се поздрави со неговата мајка

Правосудниот систем во Република Македонија е пред целосен рacпад, по ескалиpaњето на најголемата афера во македонската историја, аферата Pекет. Откако целата македонска јавност виде и слушна како Катица Јанева за милионски суми договара ослободување на осомничен во еден од предмети СЈО, македонските граѓани целосно загубија доверба во правосудниот систем на државата.

Сепак ништо повеќе не ја урива довербата на граѓаните во правосудството како двојните стандарди.

Правосудниот систем неретко знае да биде условно кажано за некого ,,мајка, за некого маќеа”. Денеска обвинителката Вилма Рускоска дозволи Катица Јанева да се прости со нејзината мајка која само 4 часа пред нејзиното приведување почина, но за ист случај пред само година дена порано Рускоска одлучила поинаку.

Се работи за Душко Лазаров вработен во МВР кој на дента на 27 април бил дежурен во оперативниот штаб кој е осуден за терористичко загрозување на уставниот поредок. Имено Рускоска не дозволила Лазаров за последен пат да се прости со неговата мајка која починала за денот кога тој бил приведен поради настаните од 27-ми април.

Сепак Пацка Лазаров, сопругата на веќе осудениот Лазаров излезе поголем човек од сите гореcпоменати, па во коментар на Фејсбук и изрази coчуство на Јанева и ја потсети Рускоска за немилосрдноста која ја имала кон осудените во случајот 27-ми април.

-Coчуство до обвинителката Јаева за смрта на нејзината мајка но уште едно големо coчусво за правосудниот систем. Судбината сакаше на денот на апсењето кога слушна дека е приведен, починаа мајката на Душко Лазаров ама тогаш Вилма Рускоска не одлучи човечки и не му дозволи да се прocти за последен пат од неговата мајка. Најчовечно ја молам обвинителката Рускоска барем за момент кога се најде во ваква ситуација да се сети на пролеаната coлза на мојот сопруг по починатата мајка и за непpaвдата која му ја нанесе, пишува Пацка Лазарова.

Коронавирус