вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 166
home Вести

Траорно сведоштва на заразен од корона: Лечењето не е како што кажува министерот Филипче

Траорно сведоштва на заразен од корона: Лечењето не е како што кажува министерот Филипче

Несериозен пристап како пациент, но и спрема пандемијата од страна на лекарите од штипската болница. Преполна болница, кревет до кревет, кашлање, без мирис и вкус, легната во една хаотична болничка соба, кревет во кој секој момент мислам дека ќе паднев од него, се борам за живот и се молам на Бога да преживеам. Низ главата ми се вратат зборовите на министерот за здравство Венко Филипче дека на сите ќе им се пружи здравствена заштита, но доаѓа момент кога се соочуваш со уште една изречена лага и сфаќаш дека здравствениот систем не само што е хаотичен, туку дека никогаш и нема да се подобри, ова се зборовите на една пациентка заболена од корона вирус која сведочи за тоа како го поминала периодот на лекување од корона вирусот. Вака раскажува жителка на Свети Николе која сакаше да остане анонимна, бидејќи како што рече за нашата редакција работи во компанија и не сака да створи паника помеѓу вработените, но и да ги избегне озборувањата од своите познати.

Таа раскажува детали за голготата низ која поминала.
-Се уште не ми е јасно како се заразив. Ги почитував сите препораки, држев дистанца, носев заштитна маска, комуникацијата целосно ја намалив, но ете така требало да биде, да се заразам. Утрото пред да одам на работа почувствував силна болка во градите, почнав да се препотувам, се чувствував омалаксана, како некој со нож да ме боцка… веќе знаев дека сум заразена, но не се плашев, прво што помислив во моментот беше што ако некој друг сум заразила, што ако сум го заразила маж ми, тој боледува од хипертензија висок притисок, моите два сина. Тие половина час додека размислував се повеќе паника си создавав и се чувствував многу лошо, вели нашата соговорничка.

Таа веднaш се јавила на работа, го известила раководителот дека не и е добро. Како затворив со него, веднаш се јавив на матичниот лекар, според симптомите и епидемиолошката слика, матичната ме советуваше да останам во самоизлоација, се додека не дојде некој од Институт за јавно здравје да ме тестира.
-Тој час време додека размислував од каде можеби сум се заразила, зошто баш јас, ги известив маж ми да не ми се приближува, да си ја собере облеката и да замине од дома. Им се јавив на моите синови да им кажам дека иако се уште не сум тестирана, ги имам сите симптоми и сум заразена. Ги подготвував да бидат свесни што може да се случува во наредниот период, раскажува таа.

Нашата соговорничка иако според епидемиолошката анкета требало да биде тестирана, таа останала дома за да дури шестиот ден дојдат и ја тестираат од Институтот за јавно здравје.

-После 24 часа ги добив резултатите и мислам дека од тој момент кога слушнав дека сум навистина заразена, дека веќе не е претпоставка туку вистина изгубив волја за борба. За среќа мојот сопруг и двајцата синови беа негативни, а тоа ми беше најважното. Се преплашив. Состојбата почна да ми се влошува и тука почнува мојата вистинска голгота, раскажува таа која додава: „Буквално се борев за живот. Веднаш повикав Итна помош. Во целата несреќа, среќа беше што дојде итната и што ме примија. Ме сместија во соба преполна со пациенти исто заболени, отежнато дишење, кашлање, несоница, се слушаат лелекање од пациентите, креветот на кој бев легната мислев дека во секој момент ќе се скрши’.

Нашата соговорничка по лечењето ги сумира впечатоците.
-Некако успеав да се изборам. Поминаа 4 недели од моето лекување, секој ден измачување. Едноставно ова беа најтешките четири недели во мојот живот и искрено се што кажуваат е лага. Ниту премиерот Заев, ниту министерот Венко Филипче не знаат како е да се лекуваш во лоши услови. Кога ги гледав сите таму како се борат да преживеат, сфаќав дека здравството е целосно руинирано, нема доволно медицински персонал, здравствени работници, а јасно ни е на сите дека причина зошто тоа е така се лошите работни услови кои оваа држава ги нуди на здравствените и медицински лица. Тие не само што не се соочиле со ова што ние пациентите се соочуваме, туку никој од високите функционери и партиски луѓе од власта не знае како е да си обичен граѓанин во оваа земја, не те перципираат како човечко битие туку како предмет, а најлошото е што ако немаш некој близок во некој од здравствените болници или немаш да „подмитиш“ бидејќи ако не си богат како функционерите од СДСМ, тогаш можеш да се соочиш и со најлошото сценарио, смрт“, раскажува таа.

Локални избори 2021