понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Вести

Транспортерите за „Фени“ го блокираа патот Прилеп – Градско, бараат исплата на долговите

Транспортерите за „Фени“ го блокираа патот Прилеп – Градско, бараат исплата на долговите

Транспортерите ангажирани од „Нова логистик“ кои вршеле превоз за потребните на „Фени“ со камиони два часа го блокираа патот Градско – Прилеп, кај мотелот „Дреново“. Бараат да им биде исплатен долгот во висина од 4 милиони евра и најавуваат дека нема да учествуваат во рестартирањето на фабриката доколку не им се исплати долгот.

„Бараме сите побарувања да ни бидат исплатени во целост. Се водат преговори за висината на сумата којашто ќе ни биде исплатена, не веруваме дека ќе ни биде исплатен целиот долг. Денешната блокада е само почеток на нашето искажување на револтот од текот на преговорите“, велат транспортерите.

Од швајцарската компанија GSOL, закупец на „Фени“ , која веќе се подготвува за рестартирање на фабриката, велат дека им предложиле на транспортерите авансно да им плаќаат за услугите сè додека фабриката не добие сопственик.

Во велешкиот суд, пак, тече рокот во кој стечајниот управник и банките треба да направат секој поединечно планови за реорганизација на комбинатот со кои, меѓу другото, ќе се бара и сопственик на фабриката кој ќе ја добие и обврската да ги врати сите долгови. Рокот за подготовка на плановите истекува пред крајот на следниот месец.

Најнови вести

Локални избори 2021