вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 172
home Вести

Транспортерите  со околу 200 камиони го блокираа Скопје: Бараат да се укине акцизата и воведување на прогресивен данок (ВИДЕО)

Транспортерите  со околу 200 камиони го блокираа Скопје: Бараат да се укине акцизата и воведување на прогресивен данок (ВИДЕО)

Организирана колона од камиони, автобуси, комбиња со вклучени сирени попладнево  се движеше низ центарот Скопје. На тој начин транспортерите организирани од асоцијацијата „Макам-транс“ изразија протест за покачената акциза на горивата и побараа поддршка за транспортниот сектор кој е меѓу најпогодените со здравствено економската криза предизвиката од коронавирусот.

Колоната од транспортери започна да се движи од клучката кај Хиподром за влез во Скопје, преку Владата и Собранието каде преку свирење го искажаа својот револт.

Тие бараат да се укине Уредбата за зголемување на акцизата на горивата за три денари и да се воведе прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности.

-Би сакала да пратам порака до сите економисти и тие што се јавуваа и говореа дека транспортерите најмногу заработуваат и имаат високи цени да ми кажат како успеавме да донесеме над 200 камиони на протест ако имаат толку многу работа? Што значи нашата работа е преполовена, единствено нешто што од Бог ни падна се цените на нафтата бидејќи се друго ако успееме да добиеме од секоја од мерките значи и треба да вратиме. Така да ова беше предупредувачки протест за да не видат. Ова се огромни инвестиции кои што се вложени кај транспортерите, ние се бориме со невидени работи кои што се случуваат на терен, дали се конвои, судири во тие конвои, нашите возачи остануваат по десетина дена на пат што значи се зголемуваат трошоците за нивни дневници, вели претседателката на асоцијацијата на превозници „Макам-транс“ Билјана Муратовска.

Таа апелира до Владата сите овие барања кои што се доставени и ако сакаат да бидат сите солидарни и рамноправни нека воведат прогресивен данок.

-Најбогатите каде што влегуваат банките, осигурителните компании и телекомуникациските оператори и сите други што земаат огромни профити нека платат 2 проценти данок и да го наречеме данок за ковид-19 и назад да се навраќа по еден процент на сите па се до најмалите и без да ги исклучиме асоцијациите како нас и сите други и да одвоиме по 0,5 проценти и да помогнеме на стопанството, додава Муратовска.

Протестот  се одвиваше согласно сите мерки за безбедност кои се во сила заради пандемијата од коронавирусот поради која што се намали обемот на работа и во патничкиот и во товарниот превоз.

-Дали ќе не послушаат или не тоа е еден огромен срам за нив кога ќе видат колку возила поминаа, секоја Влада треба да е за народот, а не обратно, додаде на крајот Муратовска.

Коронавирус