четврток, 4. јуни 2020. Вести денес: 137
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Транспаренти меѓу марширачите на Заев: Кој го пушти убиецот на Мартин Нешкоски? (ВИДЕО)

Граѓани го искористија „маршот за правдата“ на СДСМ кој доживува вистински дебакл да прашаат- Кој го пушти убиецот на Мартин Нешкоски?!
Транспаренти меѓу марширачите на Заев: Кој го пушти убиецот на Мартин Нешкоски? (ВИДЕО)

Транспаренти се појавија меѓу марширачите на Зоран Заев на кои е испишано прашањето: Кој го пушти убиецот на Мартин Нешкоски?

Инаку, специјалецот Игор Спасов, кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски, се бара со меѓународна потерница откако избега од затвор.

МВР под водство на Оливер Спасовски долго проверуваше дали можеби ќе го пронајде Спасов пред да ја распише меѓународната потерница, а по која и денес се бара.

Спасов за стореното кривично дело беше осуден на 14 години затворска казна која почна да ја издржува во 2011 година. Поради здравствени проблеми во 2018-тата тој добива прекин на казната, а за доиздржување на истата треба да се јави во штипскиот затвор на 18 октомври 2019 година. Десет деца подоцна, на 28 октомври минатата година, МВР откако не го наоѓа Спасов на подрачјето каде живее распишува национална потерница за него. Ден подоцна, односно 11 дена по неговото непојавување „специјалецот“ се бара со меѓународна потерница.

По бегството на Спасов, се погласно се слушаа прашањата на граѓаните зошто тој е пуштен од затвор.

Имено, Заев при посета на затворот „Идризово“ во 2017 година беше фотографиран како се поздравува со Спасов со кој разменил и по некој збор.

Иако по неговото бегството, Спасовски велеше дека МВР не е надлежно, Заев во дадена изјава очекуваше Министерството да го пронајде.

-Очекувам истрагата да покаже каде е човекот. Прочитав од медиумите за бегството, институциите постапуваат според законот. Било кој човек кој издржува казна има право на викенд.Постапено е согласно сите процедури и очекувам МВР да утврди каде е. Верувам дека истрагата ќе дознае бргу што се случува – уверуваше Заев кој повторно ги излажа граѓаните.

Според неофицијални информации Игор Спасов, осуденикот за убиството на Мартин Нешковски е избеган во Холандија.

Граѓани го искористија „маршот за правдата“ на СДСМ кој доживува вистински дебакл да прашаат- Кој го пушти убиецот на Мартин Нешкоски?!

Најнови вести

Коронавирус