вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 39
home Вести

Трајковски поради тешката здравствена состојба се лекува на неврохирургија

Трајковски поради тешката здравствена состојба се лекува на неврохирургија

Поранешниот градоначалнк на општина Гази Баба, Тони Трајковски, кој завчера бил претепан од двајца насилници, денеска исто како и вчера не дојде на судското рочиште за предметот „ТНТ“.

Неговиот адвокат Јовица Страшовски пред судот изјави дека Трајковски вчера во 22 часот е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија, тешко зборел, дезоориентиран е и повраќал.

Судијата Огнен Ставрев вчера на рочиштето побара Трајковски, кој не се појави во Судот бидејќи е претепан, да биде донесен со полиција на закажаното рочиште.

Инаку, инцидентот се случил завчера, во населбата Автокоманда.

-На 22.12 околу 23:35 часот, Т.Т пријавил дека во Скопје на пешачка патека во близина на болница, по претходна вербална расправија со две лица, бил физички нападнат од нив, се вели во вчерашното известување од МВР.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера обвини дека зад нападот на Трајковски стои власта. Велат тоа е пресметка со политичките неистомисленици.

-Поранешниот граадоначалник на општина гази Баба, Тони Трајковски, донца синоќа е претепан на крвнички начин, додека пешачел на пешачка патека. Претепувањето кое се случило е смислено и со цел. Власта сака да го замолчи и заплаши Трајковски. Тоа е демократскиот капацитет на Зоран Заев и неговите насилници. После прогоните и судските постапки, власта поминува и на брутално насилство и физички пресметки, изјави Орце Ѓорѓиевски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус