вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 167
home Вести

Трајковска: Еден од најрепрезентативните дрвореди во Скопје на „Максим Горки“ денес на најбрутален начин беше искасапен од СДСМ

Трајковска: Еден од најрепрезентативните дрвореди во Скопје на „Максим Горки“ денес на најбрутален начин беше искасапен од СДСМ

Ова зад мене беше еден од најрепрезентативните дрвореди во Скопје на улица „Максим Горки“. Јапонските цреши кои беа посадени во време кога со Градот управуваше ВМРО-ДПМНЕ, денес на најбрутален начин беа искасапени од страна на градските власти на СДСМ, истакна Антоанета Трајковска од ВМРО- ДПМНЕ.

-Во време кога загадувањето руши рекорди, а граѓаните секојдневно се трујат од воздухот, наместо да се засадат нови дрвја тие ги сечат веќе постоечките. Местото кое важеше за белег на Скопје, стана место на пустош и мизерија. Со изговор дека се исушени ова е една од најмасовните сечи на дрвја во центарот на Градот. Со овој потег Шилегов и Богдановиќ покажаа дека нивните ставови за заштита на животната средина се лажни и манипулативни, додека ветувањата за разеленување на Градот и општината стана научна фантазија, рече Трајковска и додаде:

„Истиве ликови докажаа дека не се кадарни и се тотално неспособни да се грижат за оние работи кои што им ги оставиле нивните претходници. Шилегов и Богдановиќ се лицемерни. И работат на штета на интересите на граѓаните на општината и на Градот Скопје, и животната средина“.