недела, 9. август 2020. Вести денес: 74
home Вести

Трајковска до Владата: Ова е симболот на Илинден, кога го имате него не си играте дизајнери по дома со боички и коцки

Трајковска до Владата: Ова е симболот на Илинден, кога го имате него не си играте дизајнери по дома со боички и коцки

Новинарката Жанета Трајковска преку Фејсбук и се обрати на Владата и и’ порача дека симболот на Илинден веќе постои и не треба да си играат дизајнери.

фотографија по повод денешниот празник Илинден објавена од Владата

-Ова е Илинден или Македониум. ОВА е симболот на денешниот ден. Ја “означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.“ Не знам кому му текна да прави нов знак за Илинден од 3 оџаци или 3 лего коцки во 3 боички каде средната е ЕУ плава боја. Не дечки, кога имате ваков силен симбол за најважниот датум за македонската држава не си играте дизајнери по дома со боички и коцки. И секако може да го користите името Илинден, не морате Македониум. Среќен празник Илинденци. За жал секој ден покажуваме дека не си ја сакаме државата. Од фрлање ѓубре на улица до погубни политики. Честит празник и за многу години Илинден, пишува Трајковска на Фејсбук.

Коронавирус