вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Вести

Трајковска: Богдановиќ распиша оглас за вработување партиски послушници во Центар кои ќе ја чинат општината 360 илјади евра за 3 години

Трајковска: Богдановиќ  распиша оглас за вработување партиски послушници во Центар кои ќе ја чинат општината 360 илјади евра за 3 години

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека СДСМ ја загуби поддршката од граѓаните и затоа во очај, сега се обидува да си купи гласови со пари од граѓаните.

-Додека Заев се премислува да даде оставка од функцијата, и на негово место да дојде технички премиер, градоначалникот на Општина Центар кој го преспа целата референдумска кампања, вработува партиски послушници. Тоа зборува во каков очај се наоѓа партијата. Саша Богдановиќ ја партизира општина Центар. Во очи на неуспешниот референдум Богдановиќ распиша оглас кој беше објавен на веб страната на администрацијата за прием на 24 нови лица. Со овие вработувања бројката во општина Центар се искачува на 150 лица со што станува најбројна администрација веднаш после Карпош. Сумата што општината ќе ја издвојува за овие вработени изнесува 590 илјади денари месечно или 10 илјади евра, изјави Антоанета Трајковска од опозициската партија.

Таа вели дека во наредните 3 години колку што трае мандатот на Богдановиќ овие вработени ќе ја чинат општината 360 илјади евра.

-За наредната година планирани се 30 нови вработувања што значи ново оптоварување на буџетот. Ако сумата е приближно е иста како за овие 24-рите вработувања тогаш Општина Центар ќе троши над 300 илјади евра дополнителни, пари на граѓаните пресметани во бруто износ или 900 илјади евра до крај на мандатот на Богдановиќ. Ова што го прави Богдановиќ е без преседан. Граѓаните не гласаа за брутално партизирање на општината туку за училишта, за изградба на енергетски ефикасни фасади. Наместо да ги троши парите на граѓаните за полнење и плаќање на администрацијата со нив, со овие пари може да се направат нови улици во должина од 800 метри, изградба на градинка во Маџар Маало, енергетски ефикасни фасади што толку ги најавуваше или да засади 11 илјади дрва од типот Гинко. Изборот е негов! Или ќе тера партиски интереси или ќе се грижи за интересите на граѓаните! Општина Центар и граѓаните на Општина Центар заслужуваат подобар градоначалник од овој, порача Трајковска.

Коронавирус