среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

Трајковска: Богдановиќ не успева да ги исполни своите ветувања што ги има напишано во неговата сликовница наречена „План за Живот“

Трајковска: Богдановиќ не успева да ги исполни своите ветувања што ги има напишано во неговата сликовница наречена „План за Живот“

Една година помина од владеење на Саша Богдановиќ како градоначалник на Центар и една година жителите на Центар не видоа никаква корист од тоа, ова денеска на пресконференција го истакна Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во ова година видовме лаги, неработење, нефункционалност, ѓубре на секој чекор и  никаква грижа за животната средина. Богдановиќ не успева да ги исполни своите ветувања што ги има напишано во неговата сликовница наречена „План за Живот“. Проектите кои ги вети дека ќе ги направи до 2018-та и почетокот на 2019-та година, а не ги реализира се: изградба на Дневен центар за деца, Реновирање на просториите на Урбаните Заедници, Здравствена заштита и нега на лица со физичка попреченост, Решенија за сообраќај и животна средина што гарантира здравје и безбедност и Нула глад во општина Центар – отвoрање банка за храна. Единствено што успеа Богдановиќ е да реконструира само 2 улици од над 30 што им ги вети на жителите на Центар, потенцира Трајковска.

Таа додава дека во оваа година не видовме никаков почеток ниту најава за изградба на ниту една капитална инвестиција. Нема почеток ниту на изградба на гасоводот, ниту на новата градинка во Маџар Маало ниту пак почеток на изградбата на новата сала на „Работнички“.

-Но затоа сме сведоци на нови партиски вработувања и полнење на администрацијата во Општината и во ПОЦ. Центарци ја почувствуваа на своја кожа неспособноста СДСМ и на градоначалникот Богдановиќ кој покажа и докажа дека ниту има визија, ниту знае како да ја направи општина Центар поубаво место за живеење, заврши Трајковска.