среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Трајковска: Богдановиќ да одговори до каде е ветената 7 метарската кула за прочистување на воздухот

Трајковска: Богдановиќ да одговори до каде е ветената 7 метарската кула за прочистување на воздухот

Во збирката лажни ветувања наречена „За Живот“, Саша Богдановиќ на центарци им вети дека ќе изгради револуционерен патент за прочистување на воздухот „The Smog Free Tower“. Овој патент според Богдановиќ имал за цел да исчисти 30.000 m/3 (метри кубни) и прочистување на воздухот од 75% за конечно жителите на Центар да почнат да дишат чист и поквалитетен воздух. Помина повеќе од половина мандат на Богдановиќ, а ваква кула нема. Уште еден доказ дека СДСМ пред избори ветува, буквално кули и градови, а после нема никаква реализација, истакна Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Богдановиќ мора да одговори пред центарци до каде е изградбата на 7 метарската кула, каде ќе биде нејзината локација и кога ќе биде таа ставена во функција? Очигледно лесно било овој проект Богдановиќ да го препише од интернет, ама за жал тешко му е да го реализира се уште. Центар и понатаму е една од најзагадените општини во Македонија, но и во Европа. Со право центарци очекуваат Богдановиќ да го направи тоа што го ветил, подвлече Трајковска и додаде:

„Инаку јавноста треба да знае дека вакви кули се инсталирани во Ротердам, Пекинг, Краков и на други места и значајно е да се каже дека тие кули одлично ја завршуваат својата работа. Очекуваме Богдановиќ да си ги исполни ветувањата кои им ги даде на граѓаните на Центар и конечно да почне да ги реализира проектите за кои што беше избран“.