сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 77
home Вести

Трајановски за нападот на Трајковски: Крајно кукавички е во мрак да нападнеш и да избегаш, насилниците да се пронајдат

Трајановски за нападот на Трајковски: Крајно кукавички е во мрак да нападнеш и да избегаш, насилниците да се пронајдат

Поранешниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски преку социјалните мрежи се огласи во врска со нападот на екс градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

-Синоќа се случи брутално претепување на мојот пријател Тони Трајковски. Бидејќи се споменува моето име сакам да ве информирам за одредени детали кои во јавноста најверојатно ненамерно добија лош призвук. Синоќа заедно со Тони околу половина час се шетавме по патеката покрај парк шумата Гази Баба. Патеката е на стотина метри пред зградата кај што живее Тони. Веројатно насилниците чекале тој да остане сам. Нападот се случил по нашето разделување. Крајно кукавички е во мрак да нападнеш и да избегаш. Полицијата мора веднаш да ги пронајде насилниците и да ги изведе пред лицето на правдата, објаснува Трајановски на социјалните мрежи.

Коронавирус