четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 148
home Вести

Трајановски: Во мое време се асфалтираше ноќно време за да не се кочи сообраќајот како сега

Трајановски: Во мое време се асфалтираше ноќно време за да не се кочи сообраќајот како сега

Во денешната емисија „Само Вистина“ гостуваше Коце Трајановски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој што посочи дека кога тој беше градоначалник се градеше и не е како сега кога се стагнира во Скопје.

– Кога бев градоначалник ноќно се асфалтираше „Климент Охридски“ ноќно го асфалтиравме. Па една личност која што е многу истакната да не ја споменувам сега 20 пати се јави во полиција и дојде зошто ноќе се асфалтира. Ние асфалтиравме до 1 часот или до 2 часот, појасни Трајановски.

Трајановски му посочи на Шилегов дека додека тој бил градоначалник ноќе се асфалтирало со цел да не се кочи сообраќајот дење кога има најмногу гужва по булеварите. А, денес иако само градоначалникот има гребење по улиците тоа го прави во текот на денот кога улиците се најфреквентни и кога граѓаните се брзаат да завршат некоја обврска, така гневот и револтот кај граѓаните се повеќе расте.

Коронавирус