недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Трајановски: Шилегов форсира проект за Луна паркот кој е за 12 милиони евра поскап, односно изнесувa 18 милиони евра

Трајановски: Шилегов форсира проект за Луна паркот кој е за 12 милиони евра поскап, односно изнесувa 18 милиони евра

Градоначалникот на Градот Скопје, господин Шилегов иако беше жестоко против, сега се согласува со идејата Скопје да добие панорамско тркало, и да го продолжи проектот оставен од претходно за нов Луна парк, со таа разлика што сега тој ќе ги чини скопјани цели 18 милиони евра, ова денеска преку прес-конференција го истакна Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Значи 18 милиони евра во споредба со 6 милиони евра колку што чинеше претходниот проект кој повеќе од половина беше завршен. Господинот Шилегов форсира проект кој е за 12 милиони евра поскап, односно да изнесувa 18 милиони евра. Повторувам 12 милиони евра поскап. Патем веќе се набавени 7 справи уште во 2017 година, кои се држат во магацин и за кои се плаќа за нивно чување и за истите постои соодветно партерно уредување и требаше само да се постават уште во пролетта 2018 година. Тоа значи дека ако овие справи беа поставени досега граѓаните на Скопје и туристите ќе можеа да ги користат овие содржини. Зошто господине Шилегов им ускративте на граѓаните да имаат Луна Парк уште пред две години, дали е поради тоа што беше од претходната власт, тоа не е добро за Градо Скопје. Да биде иронијата поголема СДСМ и господин Шилегов, кои фрлаа дрва и камења за ваквите проекти и истите ги нарекуваат непотребно и лудо трошење на народните пари, сега од позиција на власт тие нудат Луна Парк кој што е поскап за 12 милиони евра, а да биде уште почудно е што господинот Шилегов во тој Луна Парк ќе смести и панорамското тркало кое во кампањата секогаш го посочуваа како непотребно и екстремно скапа содржина во Градот Скопје, вели Трајановски.

Тој додава дека Шилегов, да ве потсетам дека во кампањата постојано ветувавте дека со парите од панорамското тркало ќе изградевте водоводи, канализации, улици, училишта, паркови, почист воздух и здрава вода за пиење.

-Ништо од ветувањата, а проектот за панорамското тркало во него, останува. Сега граѓаните со право се прашуваат зошто наместо 12 милиони евра поскапиот Луна Парк не изградевте водоводна мрежа во населбата Ченто, Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Хиподром за кои патем има и готов проект. Водоводот во сите овие населби, а има околу 30.000 жители чини околу од три и пол милиони евра. Или зошто со тие 12 милиони евра не го решите водоснабдувањето во високата зона во Ѓорче Петров или фекалната канализација во Волково. Со овие 12 милиони евра поскап Луна Парк можевте да ги изградите ветените средни училишта „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров и „Кузман Јосифовски Питу“ во Општина Аеродром и да ви останат пари за реновирање на многу други средни училишта. За потсетување булеварите  „Илинденска“, Теодосиј Гологанов“ и булеварот „3-та македонска бригада“, сите заедно коштаат околу 12 милиони евра. Ова е лицемерие на дело. Едно зборуваат пред избори, друго прават откако ќе дојдат на власт.  Граѓаните гледаат и граѓаните ќе ве казнат за хипокризијата, неработењето и недомаќинлукот на следните избори на 12-ти април, вели Трајановски.

Најнови вести

Коронавирус