вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 164
home Вести

Трајановски до Шилегов: Ветивте дека ќе ја изградите универзалната, две години поминаа се уште ја немате почнато

Трајановски до Шилегов: Ветивте дека ќе ја изградите универзалната, две години поминаа се уште ја немате почнато

Вечерва во емисијата „Само Вистина“ гостуваа Петре Шилегов и Коце Трајановски. Трајановски во текот на дебатата го потсети Шилегов дека има ветено дека ќе изгради универзална, но за жал поминаа две години, а се уште ја нема започнато.

Господине Шилегов, Вие сте градоначалник две години во изјавата пишувате дека само што ќе станам градоначалник ќе ја почнам универзалната сала. Имате готов проект кој што чини 17 милиони евра. И две години не го започнувате, истакна Трајановски.

Трајановски додаде дека на Шилегов му помина половина од мандатот, а се уште не е започната ветената универзална сала. А, велите универзалната сала, ќе ја вратиме на граѓаните.