недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 91
home Вести

Трајановски до Шилегов: Бидете среќен што сте градоначалник после мене

Трајановски до Шилегов: Бидете среќен што сте градоначалник после мене

Во емисијата „Само Вистина“ гостуваше Коце Трајановски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој што посочи дека сегашниот градоначалник на Скопје Шилегов има среќа што станал градоначалник по него.

-Господине Шилегов бидете среќен што сте градоначалник после мене, т.е. во 2017 година. Да бевте градоначалник 2009-та година, да имавте јавни претпријатија кои што должеа 18 милиони евра. Да го имате едно ЈСП кое што нема исправен автобус или автобус помлад од 25 години, да имавте комунална хигиена со 5 до 6 стари автобуси, постари од 25 години, да имавте паркови и зеленило кое што нема една до две косилки на пунктовите, во тој случај јако ќе се замислевте како да работите понатака, истакна Трајановски.

Трајановски додаде дека долговите беа од неисплатено ДДВ кое што Социјалдемократскиот сојуз од 2002 до 2004 година го воведе и за комуналните работи. И нормално јавните претпријатија не ги плаќа бидејќи гледаат плата да поделат. Му се има случувано 2009/2010 година да директорот на УЈП да доаѓа во ЈСП, да доаѓа во Комунална хигиена и да запленува возила бидејќи должеле на државата, поради ДДВ кое што го воведе СДСМ.

-Наследивме јавни претпријатија кои што беа хендикипирани, неопремени, неорганизирани, нагласи Трајановски.