сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 62
home Вести

Трајановски: 500.000 евра за Арачиново за справување со Ковид кризата, а за другите општини ништо – тоа е класичен поткуп

Трајановски: 500.000 евра за Арачиново за справување со Ковид кризата, а за другите општини ништо – тоа е класичен поткуп

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Што не е јасно?” на Алфа телевизија гостуваше поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски. Тој во вечерашното гостување се осврна на лошите владини политики, како и на моменталната политичка ситуација.

Трајановски посочи дека Владата работи премногу селективно, односно дека работи со двојни аршини. Според Трајановски не е во ред на општина Арачиново која што е една со најмал број заразени во Македонија, да добие 500.000 евра за справување со Ковид кризата, а општини кои имаат над 1000 активни случаи на заболени да немаат никаква помош.

-Симптоматично е тоа што ден претходно се случи да се заплени огромна количина за која МВР не излегуваше со информација, за потоа да се види дека истата марихуана од Јосифово, на крајот завршила во Арачиново. Премногу случајности, но и премногу факти кои укажуваат на голем поткуп во Арачиново, вели Трајановски.

-Владата и во изминатите три години имаше вакви настани за кои до крај никогаш не се дознаа вистинските информации, туку умешно ги криеа и секој настан го поклопуваа со нов поскандалозен. Тоа е стар пи ар метод на Владата, кој се повеќе се разобличува и за истиот ќе треба да се сноси сериозна одговорност, заврши Трајановски.

Коронавирус