вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 78
home Вести

Трајанов: Јас не поддржувам трансфер на пратеници и сум голем противник на политички пазарења

Трајанов: Јас не поддржувам трансфер на пратеници и сум голем противник на политички пазарења

Лидерот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов реагира на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во која го нарече „последниот бастион на СДСМ“

„Во интерес на објективно информирање на јавноста, сакам да укажам дека јас сум претседател на Демократскиот сојуз, автентична политичка партија и моето дејствување, како и на партијата Демократски сојуз е во интерес на граѓаните и националните државни интереси.

Инаку мојот став е принципиелен и познат, не поддржувам трансфер на пратеници и не учествувам во никакви пазарења за ново парламентарно мнозинство или проширување на постојното.

Жалам што досега двете најголеми партии не можат да изградат заеднички став околу круцијалните државни интереси, вклучително и за евроинтеграциските процеси.

Во услови кога има сериозни сигнали дека наскоро ќе започнат преговорите за полноправно членство на Македонија во ЕУ, најмалку ни е потребна политичка криза и нестабилност на државата“, вели Трајанов во писмена реакција.

 

Коронавирус