недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 68
home Вести

Трајанов: Директорот на ДЗС да повика експерти од сите политички партии да учествуваат во Законот за попис

Трајанов: Директорот на ДЗС да повика експерти од сите политички партии да учествуваат во Законот за попис

Вечерва во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24 претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов го повика директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, да повика експерти од сите политички партии да учествуваат во Законот за попис. Да вградат во методологијата она што е пропуштено, а клучно.

-Јасно е дека сите политички партии во Македонија се за одржување на попис. За да можеме да ги планираме сите стратешки активности на нашата држава. Тоа не е спорно. Но, спорно е друго. Има неколку моменти за кои јас зборував и во парламентот. Тоа е околу разграничување на резидентно и нерезидентно население. Добро е да се попишеме, но објективно мораме да знаеме колку се оние кои живеат овде во Македонија. А тоа не се вгради во овој закон. Затоа предложив од Собраниската говорница, а и вечерва тука експерти од сите политички партии да учествуваат во законот за попис. Директорот на Заводот за статистика да ги повика тие експерти, да ја погледнат методологијата и тоа што е пропуштено, а е битно и клучно да се вгради во методологијата, вели Трајанов.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија