четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Трајаноски: Народот нема да дозволи разнебитување на Република Македонија, оставка веднаш

Трајаноски: Народот нема да дозволи разнебитување на Република Македонија, оставка веднаш

На протестот денес одржан од пред Влада на Република Македонија на граѓаните се обрати и Коце Трајановски. Тој порача дека сега е време да се побара оставка од Зоран Заев кој ги распродава националните интереси како на тезга.

– Тука денес гледам од сите националности, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, и останати. Сите ние заедно се собравме овде денеска на овие блокади, бидејќи овие блокади се за да ја спасиме Република Македонија. Да ја спасиме државата од распродавањето кое го врши Зоран Заев и Владата, истакна Трајаноски.

Трајаноски додаде дека поради тоа ВМРО-ДПМНЕ сака да го спречи распродавањето на националните интереси побара лидерска средба, побара Декларација на која што ќе се обединат сите политички партии за да се кажат кои се црвените линии на Република Македонија. Но Зоран Заев и неговата екипа одбија.

– Црвените линии требаа да се дека Македонија има многувековна и многуилјадна историја. Дека Македонија и Македонците не потекнуваат од Бугарите. Дека македонскиот јазик не е дијалект на бугарскиот јазик, дека постојат македонски малцинства во сите соседни држави вклучително во Република Бугарија и треба да се почитуваат нивните права, нагласи Трајаноски.

Трајаноски посочи дека ни во сон не може да се менуваат историските факти.

– Не може да го прифатиме тоа дека демек Бугарите биле администрација, а ен окупатори. Не можеме да прифатиме дека Крива Паланка, Куманово и Скопје биле наводно ослободени Бугарите. Тие градови се ослободени од народноослободителната војска на Македонија во која што имало учесници од сите националности, рече Трајаноски.

Трајаноски рече дека многу училишта денес ги носат имињата на паднатите борци Кочо Рацин, Корчагин, Орце Николов и многу други.

– Не треба да дозволиме понатамошно наше понижување, затоа не треба да дозволиме да н е срамат пред светот. Поради тоа народот се дигна на овие блокади. Народот ќе победи во оваа битка. Владата треба да даде оставка бидејќи сето она што го прави е лошо за Република Македонија. Ова е разнебитување на Република Македонија, порача Трајаноски.

Коронавирус