вторник, 20. август 2019. Вести денес: 84
home Вести

Трагикомично: Студентите сами реновираа диско, додека живеат во руинирани услови- директорот Николовски мува не го лази за нив

Трагикомично: Студентите сами реновираа диско, додека живеат во руинирани услови- директорот Николовски мува не го лази за нив

Денеска речиси во сите медиуми беше пренесена веста дека е реновирано и отворено диското во студентскиот дом „Кузман Јосифовски- Питу“, а го реновираа членови на Младинскиот образовен форум што се спроведе од 1-ви до 18-ти месецов во рамки на проектот „Студентски домови без корупција“.

И додека студентите немаат елементарни услови во студентскиот дом „Кузман Јосифовски- Питу“, наместо директорот да се фати за работа, тоа го прават со свои сили доброволци финансирани од Фондацијата отворено општество- Македонија, позната како СОРОС.

КРИР во повеќе наврати беше сведок на лошите услови низ студентските домови во Скопје, особено нечовечките елементарни услови за кои треба да се бори директорот Дарио Николовски кој се почесто се фокусира на „позирање“ на социјалните мрежи наместо на реалните проблеми со кои се соочуваат студентите.

Пред два месеци јавноста беше сведок на тоалетите со урнат покрив во студентскиот дом „Стив Наумов“, каде студентите се пожалија дека не можат ни да се искапат бидејќи тоалетите се небезбедни и ќе им падне покривот на глава.

Претходно за време на зимскиот период КУРИР објави видео снимки од револтирани студенти од студентскиот дом „Гоце Делчев“ каде тие немаа топла вода и мораа да се бањаат со ладна вода иако надвор температурата беше минус неколку степени.

Доказ дека „животот“ кој го ветуваше СДСМ не дојде за студентите се и секојдневните фотографии и поплаки од студентите за лошата храна и бубачки во неа, а често истата е и мувлосана.

Сепак „метлата“ на Заев добро го чува директорот на Државниот студентски дом кој не може да се пофали со ниту еден конкретен проект во овие две години направен за студентите, но може да се пофали со моделски фотографии на социјалните мрежи.

За лошите услови во студентските домови реагираше и ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати.

ВМРО-ДПМНЕ: Студентските домови во Република Македонија наликуваат на руина

Студентските домови во Република Македонија наликуваат на руина. Сликите кои ги објавија медиумите, од кои се гледаат уништени тоалети се доказ дека власта две години нема направено ништо, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и Каевски ветуваа студентски град, со модерни услови за престој, но две години после тоа нема ништо од најавеното. Студентските домови се во катастрофална состојба, а храната е слаба. СДСМ нема направено ништо за студентските домови. Две години власта потроши 7 милијарди евра буџет, а притоа не направи ништо за студентите. Каде отидоа 7 милијарди евра пари на граѓаните? Наместо да се купуваат фотељи од телешка кожа и пенкала со циркони власта може да инвестира во нови студентски домови. Наместо да се вработуваат синови и ќерки на функционери, власта може да купи подобра храна за студентските мензи, се наведува во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека ниското ниво на реализација на капитални инвестиции на власта се должи и на безидејноста.

-Инвестициите во студентските домови запреа со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт. Две години студентите мака мачат да преживеат во домовите во Скопје, но и другите градови низ државата. Негрижата мора да запре. Младите очекуваат промени, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.